Автобусот од турнеја на Пол Маккартни на продажба

Целосно реставрираниот двокатен автобус што го користеа Пол Макјартни и неговиот бенд Wings на нивната европска турнеја во 1972 година ќе биде ставен на наддавање следниот месец и се очекува да достигне цена од 200.000 до 300.000 американски долари.

Поранешниот битлс Маккартни и неговата покојна сопруга Линда го формираа бендот „Paul McCartney and Wings”, попознат само Wings, со тапанарот Дени Сајвел и гитаристот Дени Лејн во 1971 година по распадот на легендарниот бенд.

Во летото 1972 година тие тргнале на турнејата „Wings Over Europe“, патувајќи во двокатен автобус од моделот „Bristol KSW“ од 1953 година.

„Пол и Линда имаа две мали девојчиња, двајцата Дени од бендот исто така имаа сопруги и деца, а Пол не сакаше да бидат во затворен автобус. Сакаше нешто забавно“, рече Мартин Нолан, основач на аукциската куќа Julien’s Auctions, која ќе го понуди возилото на наддавање следниот месец.

Автобусот, обоен однадвор во сина, црвена, зелена и жолта боја, со психоделичен дезен, како одраз на хипи стилот од таа ера, посети девет европски земји на таа турнеја.

Пронајден во Шпанија во лоша состојба и вратен во Британија. Сопственикот го вратил во целосно функционален автобус кој изгледа како оригиналниот.

„Автобусот патуваше по југот на Франција, Германија и Финска… забавно лето со бендот Wings“, вели Нолан.