Авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа мораше да биде евакуиран на израелскиот аеродром Бен Гурион поради ракетни напади.
Сликите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека помошниците и новинарите кои патувале со германскиот лидер морале итно да го напуштат авионот и да се засолнат лежејќи на пистата, додека Олаф Шолц наводно бил евакуиран во засолниште, пишува Politico.
#Raketenalarm in Tel Aviv. Die Regierungsmaschine wird umgehend evakuiert. @Bundeskanzler wird in einen Schutzraum gebracht. Wir legen uns vor dem Flugzeug auf den Boden. @robinalexander_ @frautoroxel pic.twitter.com/OTWV55KUoA
— Sara Sievert (@sara__si) October 17, 2023
„Јас лично ги видов експлозиите додека израелската железна купола пресретна две ракети“, напиша Робин Александар, заменик-главен уредник на германскиот дневен весник „Велт“.
Шолц и оние што летаа со него можеа да се качат во авионот неколку минути подоцна, по дополнителна безбедносна проверка, пишува Билд.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторник го посети Израел за да покаже солидарност по невидениот напад на Хамас врз земјата.