Кинеската економија благо забавила во третиот квартал, со закрепнување на прометот во малопродажбата во септември, но и континуирани проблеми во секторот надвижности, покажаа во средата податоците од кинескиот завод за статистика.
Бруто домашниот производ (БДП) пораснал во периодот од јули до септември за 4,9 отсто во однос на истиот период минатата година, извести заводот за статистика. Во вториот квартал беше зголемен за 6,3 отсто.
Споредбата со периодот од април до јуни, пак, покажува силно забрзување на активностите, од 0,5 на 1,3 отсто.
Владата во Пекинг изминатите седмици усвои низа мерки, зајакнувајќи ја потрошувачката на јавните инвестиции и снижувајќи ги каматните стапки за да се поддржи приватниот сектор. Мерките ѝ помогнаа на личната потрошувачка којашто во септември пораснала за 5,5 отсто, по 4,6-процентното зголемување во претходниот месец.
Индустриското производство пораснало, пак, во септември за 4,5 отсто, со исто темпо како и во август.
Во периодот од јануари до септември годинава вложувањата во фиксната сопственост пораснале за 3,1 отсто, речиси со исто темпо како и во периодот од јануари до август.
Секторот недвижности и натаму ги кочи активостите, со пад на вложувањата во првите девет годинешни месеци за 9,1 отсто во однос на истиот минатогодишен период. Во периодот од јануаро до август, намалени се за 8,8 отсто.
Економијата во второто тримесечје подзапрала по кусоото закрепнување по пандемијата на ковид-19, под теког на падот на недвижнините и огромниот долг пораади деценија долгото оптоварување на инфраструктурата.