
Тим од германски и мексикански археолози ја открија најголемата гробница на диносауруси во светот. Таа е пронајдена во мексиканската држава Коауила.
Тие пронашле фосили на 14 диносауруси на многу мала површина, а ископале и коски и скелети на неколку километри од гробницата.
– На ни едно друго место не била пронајдени толку остатоци од диносауруси на токлу мала површина, рекол археологот Волфганг Стинесбек.
Областа во која гробницата била пронајдена сега не е многу проодна, но пред 70-тина години истата била цветна ливада.
– Овде имало огромна делта, преку која неколку реки се сливале во Мексиканскиот залив, истакнал палеонтологот Еберхард Фреј.
Тој додал и дека на ова место ќе има големо ископување со цел да се пронајдат сите остатоци од изумрените диносауруси.