Хамас не испратил никакво писмо, тврдат од БиХ

Министерот за надворешни работи на Босна и Хергеговина, Елмедин Конаковиќ, во средата негираше дека политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, му пишал барајќи поддршка за продолжување на борбата на таа исламистичка организација.

„Нема никакви писмо од Хамас“, изјави Конаковиќ за новинарите во Сараево, коментирајќи ги навидите на порталот istraga.ba кој објави копија од наводното писмо што Ханија го испратил до шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина.

Оваа информација, која вклучува најава дека Хамас ќе продолжи да се бори против Израел и дека за тоа бара помош од арапските и муслиманските земји, ја пренесоа и други медиуми во БиХ, а Конаковиќ рече дека станува збор за фалсификат „што го шират платени новинари“.

Порталот istraga.ba е познат по своите врски со сега опозициската Партија за демократска акција (SDA) и поранешниот шеф на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (OSA), Осман Мехмедагиќ.

Во средата, Конаковиќ изрично ги осуди нападите на Хамас врз цивилите во Израел на 7-ми октомври.

„Хамас не требаше да го стори тоа, нема оправдување за убивање цивили“, рече Конаковиќ додавајќи дека право на Босна и Херцеговина е да повика на прекин на конфликтите на Блискиот исток што е можно поскоро и овој проблем да се реши по мирен пат.