Вечерва се одбележува 21 година постоење на партијата Демократските сили на Ромите. На прославата гостин беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Да посакам многу успеси и уште многу годишнини, затоа што нивните успеси се и наши заеднички успеси. Демократските сили на Ромите е партија која јас лично, но и ВМРО-ДПМНЕ, исклучително ја почитуваме и ја поддржуваме. Соработката која ја имаме долги години наназад покажала дека заедно можеме многу да направиме не само за Ромите, туку и за цела Република Македонија, рече тој.