
Во последните неколку години на Антарктикот се изгуби толку многу мраз, што се промени силата на гравитација, предупредуваат експертите на Европската вселенска агенција (ESA).
Гравитацијата варира во зависност од локацијата, обемот и густината на карпите мраз, а ова откритие укажува на тоа дека во краток временски период во Антарктикот се стопиле неколку милијарди тони мраз.
– Топењето на мразот на Антарктикот во периодот 2009-2012 година, резултираше со намалување на тежината на површина – објави на својата веб-страница ESA. Прецизните мерења на гравитацијата во различни делови на земјата ги објави сателитот „Gravity Field“ и „Steady-State Ocean Circulation Explorer GOCE“, кој во ноември 2013 година ја заврши четири годишната мисија, затоа што остана без гориво и изгоре во атмосферата.
Претходно оваа година, група на научници соопштија дека почна незапирливо топење на глечерите на Антарктикот и се проценува дека глобалното ниво на морето во текот на следните неколку векови може да се зголеми неколку метри.
Според сегашните проценки, нивото на морето и океаните во светот до крајот на овој век би можело да порасне на околу 1,3 метри, главно поради топењето на мразот на Антарктикот.