Ми претставува особена чест што денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски сме во посета на реализирани проекти во Општина Зелениково. Вкупна вредност на проектите што се реализирани во изминатиов период изнесува 48 милиони денари, финансиски средства обезбедени од надворешни фондови и обезбедени од Буџетот на Општина Зелениково, изјави денеска градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски.
„Се работи за проекти, реконструкција на улица во Орешани, реконструкција на улица во Ново Село, реконструкција на главната локална улица од Орешани до Зелениково, тампонирање на пристапен пат до земјоделско земјиште за полесен пристап на земјоделците, тампонирање на најлошиот дел од патот за Тисовица во должина од 3км, тампонирање на патот за Гумалево во должина од 2,5км, набавени се и поставени нови 7 автобуски постојки каде што во нив е вклучено инклузија и имаат соларен панел со соларно осветлување.
Набавено е противпожарно возило за потребите на Општина Зелениково, реконструирано е игралиштето, стадионот Јурија каде што е набавено исто и тракторска косилица за одржување и полесно одржување на истиот терен.
Во иднина планираме да сработиме уште многу други проекти каде што се надевам дека развојот на Општина Зелениково ќе биде во едно поголемо ниво“.