Истрагата треба да покаже дали и како забранетиот пестицид метомил завршил во домашна пита, поради што 47-годишна жена почина, а маж и постара жена се во тешка здравствена состојба. Од Клиниката за токсикологија потврдија дека станува збор за труење од забранетиот пестицд, а случајот клиниката го пријавила во полиција.
По јадењето на пита, од забранет пестицид почина жена, две лица се во тешка состојба, отворена е истрага.
Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кои едното лице е сѐ уште во кома на Карил, а другото се разбуди од кома, но во тешка здравствена состојба е префлено на Инфективната клиника, објави телевизија Алфа. Роднини на семејството за телевизијата за оваа трагедија кажале дека питата била зготвена од два вида на брашно и праз.
По известувањето од клиниката, МВР за случајот информираше преку дневниот билтен за медиумите.
„На 17 октомври во 12 часот во полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15 октомври кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, соопшти полицијата.
Метомилот е опасен инсектицид кој во Македонија е забранет за употреба.