
Британскиот премиер Риши Сунак денеска ќе го посети Египет, каде што ќе разговара за ситуацијата во Израел и Појасот Газа, соопштија од кабинетот на британскиот лидер.
За време на овие разговори, се очекува Сунак да ја нагласи „потребата да се избегне регионална ескалација и да се спречи понатамошна непотребна загуба на цивилни животи“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
Риши Сунак е на турнеја по Блискиот Исток, обидувајќи се да најде решенија за кризата во конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко милитантно движење „Хамас“. Вчера тој ги посети Израел и Саудиска Арабија.