Стејт департментот ги советува Американците да не патуваат во Ирак

Американскиот Стејт департмент ги предупреди во неделата американските државјани да не патуваат во Ирак по неодамнешните напади врз американските воени бази и персоналот во регионот.

Во објавените препораки за патувања за американските државјани се истакнува „Не патувајте во Ирак поради тероризам, грабнувања, вооружени судири, граѓански немири и органичините можноста на Мисијата Ирак да им овозможи поддршка на американските граѓани“.

Откако започна судирот меѓу Израел и палестинското радикално исламистичко движење Хамас, зачестија и нападите вра американските воени бази во Ирак и на северот на соседна Сирија на териториите што ги окупираа американските сили. Минатата седмица, американски воен брод собори повеќе од десет дронови и четири крстосувачки ракети кои од Јемен ги истрелале силите на шиитската заедница Хутити.

Упатствата за американските државјани следат по наредбата за напуштање на Ирак на членовите на семејствата и персоналот кој не е неопходен во американската амбасада во галвниот град Багдад и во американскиот конзулат во Ербил, главниот град на автономната курдска покраина Ирачки Курдистан, поради зголемените безбедносни закани против американскиот персонал и интереси“. Дополнително Стејт департментот соопшти дека антиамериканските ирачки милиции им се „закануваат на американските граѓани и меѓународни компании“ ширум Ирак.

Претходно во неделата американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин предупредија на значителна ескалација на нападите врз американските војски на Блискиот исток, тврдејќи дека шиитски Иран сака да ја прошири војната меѓу Израел и сунитски Хамас.

САД ги зајакнаа предупредувањата на активностите на групациите коишто се поддржувани од Иран, откако Вашингтон по избувнувањето на војната меѓу израелската војска и Хамас во водите на Блискиот исток испратија две борбени групи на носачи на авиони и најавија испраќање 2.000 маринци како поддршка безбедноста на Израел.

„Поради безбедносните грижи, на американскиот владин персонал во Багдад му е наредено да не го користи меѓународниот аеродром во Багдад“, соопшти во неделата Стејт департментот.