Во Долно Лисиче откриена бистата на Игор Драганов

Советниците на Левица во Аеродром редовно одржуваат средби со граѓани од општина Аеродром. На една од таквите средби во Долно Лисиче, од страна на родителите на Игор Драганов на советниците им беше побарано да се заложат за довршување на неговата биста, соопштија од Левица.

„Игор Драганов бил полициски службеник кој на 24 октомври 2007 година го загубил својот живот во еден терористички чин бранејќи го суверенитетот на Република Македонија.

На 13-та седница на Советот на општина Аеродром од страна на советниците на Левица беше побарано да се доврши бистата на Игор Драганов при што за таа цел се формираше и комисија која го водеше завршувањето на бистата.

Денеска сме среќни поради откривањето на бистата на нашиот херој Игор Драганов и сме горди на неговата заложба да биде на браникот за одбрана на нашата татковина за која го даде и неговиот живот.

Советниците на Левица секогаш се и ќе бидат блиску до жителите на општина Аеродром и нивните проблеми ќе ги артикулираат на седниците на Советот“, информираа од партијата.