На Украина ѝ се потребни 42 милијарди евра за да го покрие воениот дефицит

На Украина ќе ѝ бидат потребни 42 милијарди долари помош од меѓународните партнери следната година за да го покрие воениот дефицит, исто како и оваа година, изјави во вторникот премиерот Денис Шмихал.

Нагласи дека целиот мирновременски буџет на Украина сега е посветен на одбраната од руската инвазија, што значи дека на земјата и е потребна меѓународна помош за да ги покрие другите трошоци.

„Се надеваме дека војната ќе заврши што е можно поскоро. Ние не сме нејзини иницијатори и Русија може да го спречи во секое време“, рече тој.

На среден рок, меѓународната поддршка за украинската економија ќе му помогне на Киев да преземе поголем дел од вкупните трошоци, додаде тој.