Нови фотографии од пукачот во Ист Гејт, седи во обложувалница и не се крие

„Фокус“ објави нови фотографии од пукачот кој вчера попладне пукаше во Раде Трајковски-Штекли и неговиот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје.

На фотографиите се гледа како лицето седи во обложувалница во трговскиот центар и воопшто не се крие од безбедносните камери.

Непосредно по пукањето на социјалните мрежи се појави видео снимка од безбедносните камери каде се гледа моментот на нападот. Штекли и неговиот пријател Колумбо, се гледа како се спуштаат по елеваторот надолу кон гаражите, а потоа како лицето пука со пишол зад нивниот грб.