Дончиќ со трипл-дабл го одбележа дербито на Тексас (ВИДЕО)

Првиот пик на последниот драфт Виктор Вембанјама ноќеска официјално дебитираше во НБА лигата, во дресот на Сан Антонио Спарс.

Французинот се претстави во добро издаание, за 23 минути во игра постигна 15 поени со само едно промашување од игра (7/8), но тоа не беше доволно за победа на неговиот тим против Далас. Девет од своите 15 поени постигна во последните седум минути од натпреварот. Мавс како гости славеа со 126-119, на крилјата на Лука Дончиќ кој имаше спектакуларно отворање на сезоната.

Суперѕвездата на Далас одигра 34 минути и оствари трипл-дабл со 33 поени, 13 скока и 10 асистенции. Со тоа, стана само трет кошаркар во историјата на НБА, а прв на Далас Маверикс, кој на отворањето на сезоната остварил трипл-дабл со 30 или повеќе поени. Тоа им успеало само на Оскар Робертсон во 1961 и 1966 година и на Јанис Адетокумпо во 2019 година. Во неговиот тим се истакнаа уште Кајри Ирвинг со 22 и Вилијамс и Хардавеј со по 17 поени. Одлично одигра дебитантот на Далас, Дерек Лајвли кој во својот прв меч во НБА постигна дабл-дабл со 16 поени и 10 скока.

Рекордот на денот го оствари Индијана Пејсерс која постигна 143 поени против Вашингтон (победа од 143-120). Не се случува често една екипа да ги заврши сите четири четвртини со повеќе од 30 поени што ноќеска му успеа на овој тим.

Бостон Селтикс славеше против Њујорк како гостин со 108-104, промовирајќи го новиот тандем Тејтум-Порзингис. Двајцата ја пробија границата од 30 поени, првиот заврши со 34, плус 11 скока, а Летонецот додаде 30 во своето официјално деби за Бостон. Берет беше најефикасен кај Њујорк со 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Атланта 116-110
Индијана – Вашингтон 143-120
Њујорк – Бостон 104-108
Орландо – Хјустон 116-86
Бруклин – Кливленд 113-114
Мајами – Детроит 103-102
Торонто – Минесота 97-94
Чикаго – Оклахома 104-124
Мемфис – Њу Орлеанс 111-114
Јута – Сакраменто 114-130
Сан Антонио – Далас 119-126
Лос Анџелес Клиперс – Портланд 123-111