Израел ја обвини меѓународната невладина организација Amnesty International за антисемитизам, откако таа соопшти дека сите страни во војната меѓу еврејската држава и радикалното палестинско исламистичко движење Хамас „сериозно го кршат меѓународното хуманитарно право и вршат воени злосторства“, објави во петокот Politico.
Претходно во четвртокот Amnesty International повика на прекин на огнот, а неговата генерална секретарка Ањес Каламар повика на „итно дејствување“ за да се заштитат цивилите и да се запрат натамошнмите „неверјатни нивоа на човечко патење“.
Наводите дека „воени злосторства“ прават „сите страни“ вклучени во војната наиде на жестока реакција од Израел.
Лиор Хаиат, портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, за Politico изјавил дека Amnesty International е „антисемитска организација“ којашто е пристрасна против Израел. Додал дека ѝ недостасува „морален авторитет за да се прикажува како организација за човекови права“.
„Молкот по злосторствата коишто терористите на Хамас ги извршија на 7-ми октомври, кога се убиени повеќе до 1.400 Израелци, вклучително и бебиња, деца, жени и постари лица, а повеќе од 220 луѓе се одведени во Појасот Газа, само служи како показател дека Amnesty International е пропагандна организација којашто работи за терористите на Хамас“, додал Хаиат.
Во соопштението на Amnesty International, имено, се наведува дека во израелските воздушни и артилериски напади врз палестинската енклава Појасот Газа, досега се загинати повеќе од 6.500 Палестинци, од кои повеќе од 2.700 се деца.
Amnesty International беше критикува и од Украина, бидејќи во своите наводи за руско-украинската војна, меѓу другото прдупреди дека украинската војска применува тактика со поставување воени позиции во цивилни објекти како детски градинки, болници, станбени блокови и друга цивилна инфраструктура којашто цивилите ги држи како „жив штит“, што исто така е злосторство против човечноста, она за што сега Хамас е обвинуван од Израел при подготовките за копнена инвазија во енклавата.
Русија, пак, ѝ забележа на организација дека не дала ниеден извештај за страдањата на цивилите од отцепените проруски региони на југоистокот од Украина, кои беа напаѓани и бомбардирани по превратот во Киев во 2014 година.