Израел: Повикот на евакуација кон југот на Појасот Газа „сега е итен“

Израелската војска во неделата вечерта порача дека сега се „итни“ нејзините повици Палестинците во Појасот Газа да се упатат кон југот на енклавата, подалеку од главното жариште на војната против милитантното движење Хамас.

„Во текот на последните две седмици ги повеикувавме жителите на северниот дел на Појасот Газа и на градот Газа привремено да се преселат кон југот. Преселувањето кон југот е поради нивната лична безбедност. Денеска истакнуваме дека ова е итен повик“, изјави на брифингот диретно пренесуван на израелската телевизија воениот портпароло, контраадмиралот Даниел Хагари.

Хагари потврди дека бројот на лицата за коишто е потврдено дека се во заложништво во Газа од прекуграничниот напад на Хамас во Израел на 7. октомври се зголемил на 239 луѓе.

Досега се ослободени само четири жени. Хамас, кој се закануваше со погубување на заложниците доколку Израел се реши за копнена офанзива во Газа, проценува дека бројот загинати заложници во израелските бомардирања е „речиси 50“.

Израелската војска од петокот вечерта во копнената офанзива со оклопно борбени возила, продолжувајќи ги засиленото бомбардирање на областа од 362 квадратни километри на кои живеат околу 2,4 милиони Палестинци, како одмазда за најдрскиот и најкрвавиот во историјата на исламистичкото движење Хамас на југот на Израел од 7. октомври во кои се убиени 1.400 луѓе, главно цивили меѓу кои и десетици деца, а над 250 луѓе беа грабнати и однесени во Газа. Во жестоките одмазнички удари на Израел во палестинската енклава во трите седмици убиени се повеќе од 8.000 луѓе, од кои половината се деца.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају изјави на прес-конференцијата во саботата дека „војната во Појасот Газа ќе биде долга и тешка и подготвени сме за неа“, додавајќи дека израелската восјка ќе го „уништи непријателот на копното и под земјата“. Тоа е алудирање на мрежата од стотици километри подземни тунели, од каде Хамс наводно ги насочува своите операции кон Израел.

„Сега започнува втората фаза од војната, чијашто цел е јасна: да се уништат воените капацитети и водството на Хамас, заложниците да се вратат дома“, потврди Нетанхају по средбата со семејствата на луѓето кои во заложништво ги држи Хамас, околу 230 лица според процените во Израел.

Интензивирањето на бомбардирањето на Газа следеше веднаш откако беа прекинати телефонските и интернет комуникации во Газа, што дополнително ја отежнува работата на хуманитарците. Врските постепено се враќаат од неделата утрото, објави оргазнизацијата за надзор на мрежите Netblokc. Соработник на агенцијата AFP во градот Газа потврдил дека можел да пристапи на интернет и на мобилната мрежа, како и дека успеал да контактира со луѓе на југот на енклавата.

Од 9. октомви Израел дополнително ја затегна „целосната блокада“ на Појасот Газа прекинувајќи го снабдувањето со вода, струја, храна, горива за генераторите на болниците и лекови, на 2,4 милион жители кои се под израелска, копнена, воздушна и поморска блокада уште од 2007 година кога Хамас ја презема власта во енклавата.

Само 84 камиони со хуманитарна помош успеале да стасаат во Газа преку Египет од 21. октомври. Недостигаат и лекови, а некои хируршки операции се изведуваат без целосно успивање на пациентите поради недостиг од средства за анестезија, предупредија во саботата од Лекари без граници.