Најмалку пет работници загинаа во несреќа на градилиште во Хамбург

Најмалку пет работници загинаа денеска во несреќа на градилиште во Хамбург, Германија.

Според првите информации, несреќата при работа се случила околу 9 часот и 10 минути, кога скеле се урнало на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници, пренесува Билд.

Во тек е евакуација на околу 700 градежни работници од ова големо градилиште.