Израел е во третата фаза од операцијата во Газа

Советникот за национална безбедност Цачи Ханегби рече дека првата етапа во војната, која го содржи нападот на Хамас и чистењето на јужниот дел на Израел од терористите, е завршена, како и втората фаза, удирање „со прецизност кон сите непријателски системи од воздух, земја и море“.

Третата и актуелна фаза е копнената операција во северниот дел на Појасот Газа.

„Тоа е тешка операција“, вели тој, „и бара интензивна борба. Нема борба без болна цена. Ние сме борбен народ и покрај болката. Решени сме да победиме, и покрај болката“.