![mapa turcija iran iark sirija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/mapa-turcija-iran-iark-sirija.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Турските и иранските највисоки дипломати предупредија дека тековната војна меѓу Израел и Хамас, кој владее со Појасот Газа, може да прерасне во голем регионален конфликт, јави ДПА.
-Не сакаме ова да се претвори во војна која ќе ги погоди земјите во регионот, рече турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот ирански колега Хусеин Амирабдолахиан во Анкара.
Тој нагласи дека сите релевантни актери мора да преземат одговорност да работат кон прекин на огнот и траен мир.
Амирабдолахиан рече дека конфликтот може директно да привлече други играчи.
-Ако војната продолжи, ситуацијата нема да остане иста. Отпорот ќе одлучи за уште едно изненадување и ситуацијата ќе биде поинаква, рече Амирабдолахиан.
Пред неговата посета на Турција, Амирабдолахиан се сретна со шефот на Хамас, Исмаил Ханија во главниот град на Катар, Доха. Катар е еден од клучните поддржувачи на Хамас околу 15 години.
Турската Влада одржува контакти со Хамас и преговараше за ослободување на заложниците кои се држат во Газа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна го нарече Хамас, кој е наведен како терористичка организација во Израел, ЕУ и САД, „ослободителна организација“.