Мелони измамена од повик на руски пренкери

Италијанската премиерка Џорџа Мелони била измамена во повикот на познати руски пренкери, чии цели ја вклучувале и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, потврди денеска нејзината канцеларија во Рим.

Мелони, прими повик од лице кое тврдеше дека е претседателот на Коморите, Азали Асумани, актуелниот претседавач со Африканската унија. Всушност, станува збор за руското пренкерско дуо познато како Вован и Лексус.

-Повикот се одржа на 18 септември, пред Генералното собрание на ОН, соопшти канцеларијата на Мелони.

Италијанската Влада не ја коментираше содржината на повикот.