Alphabet, кој е сопственик на Google, плати 26,3 милијарди долари на други компании во 2021 година за да се осигура дека овој прелистувач е стандарден (default) на телефоните.
Ова го изјави еден од главните директори на компанијата пред судот во САД, објави неодамна Bloomberg News.
Износот на стандардните плаќања што ги направи Google се зголеми за повеќе од трипати од 2014 година, рече официјален претставник одговорен и за пребарување и за рекламирање, се додава во извештајот, според Reuters.
Приходите од мрежното рекламирање на Google беа 146,4 милијарди американски долари во 2021 година, при што стандардните плаќања беа нејзиниот најголем трошок, рече официјалниот претставник. Google одби да одговори на прашања за ова кога британската агенција го контактираше.
Како што рекоа од Google, договорите за споделување приходи се легални и „тие инвестираа за да ги одржат своите бизниси за пребарување и рекламирање конкурентни“. Исто така, тврди дека ако луѓето не се задоволни со поставките, тие едноставно можат да го сменат прелистувачот.