Во косовските банки заштедите на граѓаните се 5,89 милијарди евра

Износот на заштедите што граѓаните на Косово ги имаат во банките достигна вредност од 5,89 милијарди евра. Ова вчера го соопшти Централната банка на Косово, објави Економиаонлајн, пренесува Коссев. Оваа вредност се смета за највисока досега забележана.

„Депозитите на клиентите во септември 2023 година се зголемени за околу 14,63 милиони евра во однос на претходниот месец. Вредноста на депозитите во септември 2023 година достигна 5,89 милијарди евра, околу 25 отсто од заштедите се на определено рок“, наведуваат тие.

Доминираат семејните економии со околу 66,5 отсто од вкупните депозити (или околу 3,88 милијарди евра). Вредноста на новите депозити во септември изнесува 87,02 милиони евра.