Плазма пен во моментов е најиновативниот третман за затегнување и подмладување на лицето, кој дава одлични резултати во корекција на брчките на лицето, лузните и дамките на лицето. Со овој третман резултатот е веднаш видлив како лифтинг ефект.
Методата е целосно неинвазивна и сите третмани се изведуваат под локална анестезија, додека закрепнувањето по третманот е многу кратко. Најголемата предност е плазма ласерскиот зрак, кој се испушта од врвот на иглата и овозможува прецизен третман со минимално оштетување на кожата.
Плазма пен делува на кожата на тој начин што т.н неутралниот гас, додека неговите делови се под електричен набој, преминува во четвртата агрегатна состојба, т.е. плазма.
Кога ќе дојде до интеракцијата на електроните, тогаш енергијата се претвора во топлина. Оваа топлина е насочена кон ткивото и ги стимулира регенеративните процеси во кожата.
Третманот Плазма пен е 100% безбеден и безболен бидејќи анестетичката крема се нанесува 20 минути пред третманот. По третманот остануваат микро-изгореници со красти во форма на точка, минимално црвенило и оток кои исчезнуваат за неколку дена. Совет е да не го допирате третираното место 5 дена по третманот и да го одржувате чисто и суво, да се избегнува сонце, и интензивни тренинзи поради потењето.
Плазма пен методата кај нас се изведува во Beauty&Academy, а бидејќи изложувањето на сонце по третманот треба да се минимизира, овој период е идеален за оваа нехируршка процедура за подмладување.
За што се користи плазма пен?
Плазма пенкалото е исклучителен уред наменет за сите типови на кожа, без разлика на фототипот и возраста.
Го подобрува изгледот на фините линии
Ја затегнува опуштената кожа на долните и горните очни капаци (неинвазивна блефаропластика без инцизија и лузна)
Ги отстранува брчките околу очите
За кожа на пушачи (линии околу усните)
За брчки на челото
За отстранување на кафеавата и старосна пигментација.
Исто така, обуките за PLASMA PEN кои се одвиваат во салонот за козметички третмани и за едукација Beauty&Academy, се продолуваат до декември, и тоа по стара цена.
Тренингот во Beauty&Academy се состои од два дела:
1.Теоретски дел
2.Практичен дел
-Технички карактеристики на плазма пен
-Индикации
-Контраиндикации
-Предности на третманот со плазма пен
-Промени после третманот
-Придобивки од третманот, како функционира плазмата, ефекти на плазма пен, упатства и техники за користење, хигиена, безбедност
-Практични третмани на модели, Анестетици
-Последователна нега на третираниот дел од кожата
-Студентите ќе имаат можност да работат на модели, обезбедени од beautyacademy.mk
По завршувањето на тренингот секој студент добива:
– Скрипта
– Сертификат од beautyacademy.mk
-Подршка од предавачите
Предавачи: Др.Магдалена Спасевска и Јелена Кркич Панчевски.