Француската медицинска сестра заболена од вирусот на ебола, за време на нејзината мисија за „Лекари без граници“ во Либерија, е излекувана, соопшти француската министерка за здравство Марисол Турен, јави МИА.
Младата жена веќе ја напуштила воената болница Бегин во Сант-Манде, каде беше лекувана со експериментални лекови од 19 септември по нејзината евакуација од Либерија.
Турен дозволи користење на три експериментални лекови, посебно антивиралниот Авигнан фавипиравир, кој го произведува јапонската фирма „Тојама Кемикал“, филијала на „ФуџиФилм“, за борба против грипот. Минатата недела произведувачот Авигнан потврди дека медицинската сестра била лекувана со овај лек, што не е потврдено од француските власти. Министерката за здравство не сакаше да ја потврди веста кој лек бил користен.
Според декретот од министерот за здраство, покрај претходно наведениот лек, дозволено било и користење на уште двата други лека, ZMapp, произведен во САД, и ТКМ-100-802 во Канада.
Ова беше прв случај на ебола на француска територија, но не и во Европа. Неодамна беше соопштено дека еден британски хумантираец исто така бил излекуван со експерименталниот лек ZMapp. Болницата од Хамбург вчера речиси истовремено, како и француската болница Бегин, соопшти дека сенегалскиот експерт од Светската здраствена организација, заразен од вирусот на ебола, бил излекуван и ја напуштил болницата.
Од епидемијата на ебола од 7.492 заболени починале 3.439 лица, а најпогодена е Либерија со 2.069 жртви, Гвинеја со 739 и Сиера Леоне со 623 починати.