Наполи ја победи Салернитана со 2:0 на гостински терен во натпреварот од 11. коло во италијанската Серија А.
Денешната победа на тимот на Руди Гарсија ја донесоа Џакомо Распадори (13. минута) и македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас (82. минута).
„Наполитанците“ се искачија на четвртото место во Серија А со 21 бод.
Салернитана остана на дното на табелата со само четири освоени бода.