Албанската полиција заплени 165 килограми марихуана

Албанската полиција заплени 165 килограми марихуана, пет литри масло од хашиш и 85 стебла канабис, во две одделни акции.

Првата акција е спроведена во месноста „Мостот на Ѓола“, кај градот Фуш Круја, кога во автомобил марка „Опел“ се пронајдени 100 килограми марихуана.

При оваа акција се упасени двајца жители на Драч, додека полицијата се уште трага по еден нивни сограѓанин Сокол Хајдинај. Нарко групата била следена еден месец.

Во втората акција, релизирана во селото Лазарат, полицијата запленила пет литри масло од хашиш, 65 килограми марихуана и 85 стебла канабис.