Тајфун го погоди јапонскиот остров Хоншу

Моќниот тајфун Фанфон денеска го погоди најголемиот јапонски остров Хоншу и се движи на север кон Токио, откако претходно го зафати јужниот дел на земјата, при што загинаа две лица, објави МИА.

Максималната брзина на ветерот во регионот на градот Хамамацу достигнува 180 километри на час, соопшти јапонската Националната метеоролошка служба.

Најмалку 600 летови се откажани, а прекинато е движењето на брзите возови меѓу Токио и Нагоја.

Јапонските власти наредија евакуација на 300.000 лица, поради опасност од лизгање на земјиштето, поплави, големи бранови и поројни дождови.