Започна втората фаза од потрагата по малезискиот авион во Индискиот океан

Седум месеци по исчезнувањето на малезискиот авион со 239 патници, денеска е продолжена потрагата по него во Индискиот океан каде се претпоставува дека се срушил, соопштуваат австралиските власти.

По првата безуспешна фаза на пребарување на површината и дното на океанот, спрецијализиран брод денеска започна нова фаза на лоцирање, со сомневање дека на неистражените делови од океанот се наоѓа авионот.

„Бродот Фенкс во кој стручњаците со специјална технологија, утрово пристигнале во зоната за пребарување на југот на Индискиот океан и веднаш започнале со работа“, соопштуваат австралиските власти.

Боингот 777 со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8 март во текот на летот на Куала Лумпур-Пекинг.

Се претпоставува дека е авионот го промени курсот и по повеќечасовниот лет во сосема спротивен правец на југ се урнал во Индискиот океан.

За седум месеци потрага не е најден никаков траг, ниту пак дел од авионот.