Хамас го повика Египет да ѝ обезбеди на Газа роаминг и интернет конекција

Радикалното палестинско движење Хамас побара од Египет да обезбеди роаминг услуги за Појасот Газа, каде што телефонската комуникација и интернетот се прекинати, изјави портпаролот на движењето Фавзи Бархум.

„Терористичката ционистичка окупација ги прекина телефонските услуги и интернетот во Појасот Газа.

На 5 ноември, палестинскиот провајдер Палтел објави дека телефонските и интернет услугите повторно биле прекинати низ Појасот Газа. Слично соопштение даде и Џавал, вториот давател на телекомуникациски услуги во Газа.

Целосното исклучување на интернет, жични и мобилни услуги во палестинската енклава првпат беше објавено на 27 октомври. Палтел и Џавал рекоа дека услугите станале невозможни поради оштетување на комуникациите предизвикани од израелските воздушни напади. Комуникациите беа обновени на 31 октомври, бидејќи меѓународните организации изразија загриженост за неможноста да стигнат до оние што останаа во Газа.