Израелската војска се заканувала на германски новинари

Израелски војници запреле телевизиска екипа на германскиот јавен сервис ARD по враќањето од снимањето во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) и притоа им се заканувале со оружје, пренесуваат во понеделникот германските медиуми.

Инцидентот се случил во неделата попладнето откако телевизиската екипа на јавниот сервис Bayerische Rundfunk, кој е задолжен за дописништвото во Тел Авив, се враќала од снимање прилог во кој е тематизирано насилството на еврејските доселеници над Палестинците во енклавата којашто меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел во војната од 1967 година палестинска територија.

Дописникот Јан-Криштоф Китцер сведочи за медиумите дека израелските војници јужно од градот Хеброн ги запреле и ги држале еден час. Притоа војници, како што сведочат натаму членовите на телевизиската екипа, се однесувале „исклучително агресивно“.

„Војниците ни се закануваа со оружје и нѐ прашуваа дали сме Евреи. Една наша колешка ја нарекоа предавничка“, вели Китцлер и додава дека ситауцијата се смирила дури по еден час откако на контролната точка дошле други војници и полицајци.

За Bayerische Rundfunk станува збор на јасен напад врз слободата на медиумите.

„Ова е веќе втор таков случај оваа седмица. Нашата екипа јасно се претставила како акедитиран новинарски тим и се наоѓаа далеку од безбедносните области во коишто е забранет престојот на новинарите“, изјавува Китцлер и додава дека однесувањето на израелската војска е неприфатливо.

Еден од портпаролите на израелската војска рекол дека во моментов се истражува заднината на овој инцидент и се извинил за „евентуалните непријатности“.

Здружението на странските новинар во Израел ја повика израелската војска да ги почитува правата на новинарите, особено по инцидентот со новинарите коиште известувале за нападите на жителите на нелегалнтие доселенички еврејски населби во палестинската енклава Западен брег.