Двајца мажи, едниот со напредна мултиплекс склероза, а другиот со рак, побарале дозвола да добијат смртоносна доза лекови.
Сојузниот управен суд се повикува на клаузула од Законот за наркотици, според која барањето ќе биде одбиено доколку не е во согласност со целта на Законот „да се обезбеди потребната медицинска нега на населението“ и да се спречи злоупотребата на дрога.
Адвокатот на тужителите Роберт Розбруч изјави дека ќе го достави случајот до Уставен суд.
Германските пратеници во јули не успеаја да се договорат за новите правила за евтаназијата. Сојузниот уставен суд во 2020 година пресуди дека забраната, што беше воведена пет години порано, го нарушува правото на граѓаните да ги одредат околностите на сопствена смрт, ограничувајќи ја можноста да бараат помош од трето лице.
Активна помош за физичко одземање на животот на пациентот е забранета во Германија, но пасивната помош, како што е давање смртоносни лекови, е легална сива зона.
Ова прашање е особено чувствително во земја каде што беа убиени повеќе од 200.000 лица со физички и ментален хендикеп како дел од програмата за евтаназија спроведена од нацистите пред речиси 100 години.