Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше Марјан Ѓорчев. Тој за изградениот споменик на ОНА истакна дека се недозволиви такви манифестации бидејќи со тоа се кршат закони, направено е без дозвола и со избегнување на вистината.
„Недозволиви се вакви манифестации, во Република Македонија се кршат закони ред по ред, години на ред, не треба да заборавиме дека многу споменици во делот на прослава на хероите на ОНА се направени без дозвола, инкогнито со избегнување да се каже вистината од страна на македонското политичко раководство, ова што се случува денес продолжува и со овој споменик“, кажа Ѓорчев.
Тој додаде за тоа дека тоа што Македонците велат дека тоа е спротивно на закон, веднаш е толкувано за Албанофобија.
„Ова што се случува веќе на некој начин покажува индиции дека ако Македонците нешто кажат тогаш тоа се толкува како Албанофобија. Тие постапки се нелегитимни, не се поддржани со закон, нема начин како тоа да се оправда бидејќи треба посебна процедура за изградба на секој споменик“, вели Ѓорчев.