Словачка блокира голема испорака на оружје за Украина

Словачата влада во средата донесе одлука да ја блокира големата испорака на оружје за Украина, којашто на соседната земја ѝ ја ветила претходната извршна власт во Братислава.

„Владата не го одобрува предлогот за донација воена опрема на Украина“ во износ од 40,3 милиони евра, се наведува во објавата на официјалната интернет-страницата на словачката влада.

Предложениот 14-ти пакет воена помош за што одлуката ја донесе поранешното водство на министерството за одбрана се однесува на испорака на муниција од 7,62 милилметри и артилериска минуција од голем калибар од 125 милиметри, како и на испораки на проектили за противвоздушна одбрана, за минофрлачи и минско-експлозивни средства.

Новата коалициска влада, којашто од крајот на октомври ја води поранешниот премиер Роберт Фицо, а ја сочинуваат десничкарската карактеризирана како проруска партија SNS, објави дека отсега помошта за Украина ќе биде ограничена на хуманитарна и цивилна.

Премиерот Фицо претходно во вторникот рече дека „никој нема да спречува некоја словачка компанија да произведува и да испорачува оружје во Украина, доколку таа го сака тоа“.

Словачка, која има 5,4 милиони жители, досега ѝ пружаше силна поддршка на Украина во чии рамми и ги испрати своите модернизирани борбени авиони „МиГ-29“ од советско производствот, преносните противвоздупни системи „земја-воздух“ MANPADS, противвоздушниот ракетен систем С-300, и го ремонтираше оружјето користено од украинската војска.

Институтот Киел проценува дека вкупната вредноста на словачката, речиси целосно воена помош за Украина до денот 31-ви јули 2023 година изнесувала 680 милиони евра. Словачка, така, е една од земјите коишто најмногу воено го помагале Киев имајќи го предвид нејзиниот бруто домашен производ (БДП) од 0,65 отсто, по Норвешка, балтичките земји, Данска и Полска.