
Претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринските температури се движат од 0 степени во повисоките области до 9 на југот на земјата, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 10 и 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.