Се продава имот на Мијалков, ставени на продажба три стана и една гаража вредни над 330 илјади евра

Агенцијата за управување со одземен имот информира дека четори недвижнини на Сашо Мијалков кои се одземени со правосилна пресуда, денеска се ставени на продажба, со што во буџетот ќе бидат уплатени 330.350 евра.

-Доследно на нашата претходна најава, ја информираме јавноста дека со денешната објава за продажба на 4(четири) недвижности од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Г- дин Сашо Мијалков. Имено, станува збор за три стана кои што се наоѓаат на ул.Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.”

Со продажбата на овие четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра, соопштија од Агенцијата.