
Четиринаесетгодишно момче е приведено откако утрово со автомобил го прегазило седумдесетгодишниот Б.А. на регионалниот пат помеѓу гостиварските села Топлица-Врапчиште.
Безживотното тело на старецот било пронајдено од случаен минувач.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.