Позитивен фидбек од реализацијата на проектот на ЕВН во Арачиново

Загубите на електрична енергија во скопското село Арачиново официјално се под 10% по успешно спроведениот проект на ЕВН Македонија. Овој процент спаѓа на ниво на техчнички загуби, што значи дека кражбите во селото се целосно отстранети.

Само благодарение на цврстата соработка помеѓу ЕВН, Министерството за економија, општината, МВР и Обвинителството, проектот заврши во рекордно време. Покрај тоа, бројот на дефекти е сведен на минимум, овозможено е непрекинато и квалитетно снабдување со електрична енергија, како и далечинско читање на податоците за потрошената електрична енергија, а нисконапонска мрежа сега е целосно безбедна за корисниците.

Инвестициите во мрежата и точното мерење на потрошувачката се важни за корисниците бидејќи истите добиваат точен увид во својата потрошувачка. Дополнително, тоа поттикнува стекнување корисни навики што ја зголемуваат свесноста за штедење и води кон зголемена енергетска ефикасност. Овие придобивки се особено важни во услови на раст на цената на електричната енергија, пренесува Алсат.

“Во септември 2022г. започнавме со реализација на еден специфичен проект во село Арачиново. Направена е замена на сите мерни ормари со нови специјални и нивна монтажа исклучиво на бетонски столбови, замена на сите броила со броила со далечинска комунијација, инсталација на специјални катанци со посебна контрола, како и овозможен е надзор 24/7 во делот на нисконапонската мрежа. Преработени се над 850 ормари, дислоцирани се над 2800 броила и инсталирана е надземна нисконапонска мрежа од 50 км.“ – изјави Петре Станков, проект менаџер во ЕВН за емисијата на Алсат.

„Со поддршка на МВР сме ги надминале предизвиците во селото кога поединци се обидуваа да не спречат во работата. Повеќето жители сакаа да се престане со кражбите, а со самото престанување на кражбите имаше подобрување на дистрибутивната мрежа и со тоа успеавме без проблем да го снабдуваме тој дел и жителите да немаат проблеми со секојдневното снабдување со енергија.“ изјави Ардит Садику, раководител на Корисничкиот енерго центар „Васил Главинов“.

Екипите на ЕВН Електродистрибуција година дена работеа на реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на мрежата.  Главните придобивки на ваквите проекти се намалување на загубите, како и сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија. Загубите пред започнување на проектот беа 80%, денес изнесуваат помалку од 10%.

„Ситуацијата беше малку тешка имајќи предвид дека долг период не започнал процесот на инвестиции за подобрување на дистрибутивната мрежа, што воедно значи и подобрување и на услугите на граѓаните особено во одредени региони. Затоа Министерството за економија повикувајќи се на своите надлежности одлучи да игра улога на посредник таму каде има можност, со единствена цел сите учесници во ова прашање да ги убеди дека треба да се намалат загубите во мрежата, што најверојатно ќе влијаат во подобрување на услугите, но и врз намалување на трошоците во делот  на цената на електрична енергија.“ изјави Министерот за економија, Крешник Бектеши.

Од започнувањето на проектот се констатирани 50 случаи на неовластено користење на електрична енергија во селото, а токму овие поединци биле најгласни во попречување на работните активности на екипите на ЕВН.

„Како и за секој вид на кривично дело, и за ова кривично дело постои постапка која пред се треба да ги утврди фактите, доказите за да може да биде практично процесуирано до обвинителството и до судот. Во најголемиот дел од пријавите, во најголемиот број на случаите, успешно се идентифукуваат сторителите на ова кривично дело затоа што постојат утврдени документации, констатација на лице место дека има пристап неовластен до електродистрибутивната мрежа и на тој начин доаѓаме многу брзо до сторителот којшто понатаму се процесуира до Јавното обвинителство.“ изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од Јавното обвинителство објаснуваат дека со соодветните докази, најголемиот број случаи завршуваат со осудителна пресуда.

„Неовластеното преземање на електрична енергија согласно Кривичниот законик претставува кривично дело согласно Членот 235А. За ова кривично дело во основниот облик е предвидена казна затвор до три години и парична казна. Исто така, за потежок облик доколку се работи за поголема вредност на украдена електрична енергија, тогаш предвидената казна затвор е до пет години и парична казна.“ изјави Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

Жителите на Арачиново подолго време се соочувале со проблеми во снабдувањето со електрична енергија и барале сигурно и квалитено снабдување. Поради нестабилното снабдување и дефектите во мрежата им се расипувале куќните апарати.

„Денес сме тука да изјавиме и демаскираме еднаш и засекогаш дека Арачиново не е како што се опишува, дека жителите на Арачиново се како што му доликува на еден граѓанин денес. Заедно со мојот тим и граѓаните постигнавме одлични резултат, но поконкретно и со компанијата ЕВН. Затоа барав и контуинирано барам помош од сите институции со цел подобрување на животот на граѓаните. Со подобрување на нивниот живот, сигурно нема да имаме нерегуларности и од страна на граѓаните.“ изјави градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими.

Секој систем, па и електродистрибутивниот систем се планира, гради и се одржува во согласност со потребите на корисниците. Кога корисниците ќе почнат да го злоупотребуваат системот, доаѓа до негово забрзано амортизирање и со текот на времето и до прекини. Кражбите на електрична енергија им создаваат и дополнителни проблеми на жителите. Трошоците за покривање на загубите на електрична енергија во согласност со методологијата на Регулаторната комисија за енергетика, се анализираат и делумно се признаваат. Останатиот дел паѓа на товар на компанијата.

„Според методологијата, ако РКЕ би ги покрила целосно трошоците за загуби на електрична енергија, тоа значи дека товарот за покривање на трошоците би паднал врз корисниците. Во овој случај, корисниците што крадат електрична енердија, оваа енергија не ја плаќаат туку ќе се сподели кај сите други потрошувачи околу што ќе плаќаат и за другите. Од друга страна, ако РКЕ не би гиприфатила трошоците за покривање на загубите, тоа ќе создаде проблем во ликвидноста на операторите и воедно оневозможување за инвестиции што ќе се одрази негативно врз потрошувачот“ изјави портпатолката на ЕВН Македонија, Вјоса Селими.

По успешното завршување на инвестициите во мрежата во Арачиново, ЕВН продолжува со ваков тип проекти и во други населени места.