Пукања во атомска централа во Велика Британија

Нови напукнувања се откриени во еден од реакторите на нуклеарната електрана Хантерстон Б, во британски Ајршир.

Операторот со електраната, компанијата ЕДФ енерџи, инсистира дека појавата со пукнатините била очекувана со стареењето на централата, но тоа не ја загрозува работата на реакторите.

Противниците на употребата на атомската енергија укажуваат на потенцијален проблем со слични реактори ширум Велика Британија.

Пукнатините се откриени во текот на рутинска инспекција во август. Истите зафатиле две од околу три илјади графитни цигли во реакторот број четири во Хантерстон.