Објавени се главните резултати од прегледот на шишето од кое пиел младиот човек кој беше отруен во Риека, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се поклопуваат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужен, додека со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водени соединенија (pH=13,6), соопшти полицијата.
„Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за средство за перење и/или одмастување. Во 20 неспорни стаклени шишиња од истиот пијалок добиени во оригинално пакување, утврдено е дека содржат проѕирни течности со рН од 3,5, што одговара на pH вредностите на овие видови пијалоци.
Во врска со првиот пријавен настан на подрачјето на ПУ Загреб од 7 ноември, завршено е и вештачењето на течноста од пластичното шише со безалкохолен пијалок при што е утврдено дека течноста од шишето има pH вредност од 2,59, што е вообичаено и за овој вид пијалок, а во течноста не се откриени соединенија што би било невообичаено за овој вид на пијалок“, се вели во соопштението на полицијата.