Аманда Слоут, која го води одделот за Европа при американскиот Совет за национална безбедност, се повлекува по три години работа во тимот на претседателот Џо Бајден, тврди изданието Politico.
На позицијата виш директор за европски прашања, Слоут според наводите на Politico, била „тивка, но клучна фигура“ во обновувањето на односите на САД со традиционалните сојузници во Стариот свет и градењето обединет фронт против Русија со почетокот на руската инвазија во Украина.
„Ова беа неверојатни три години, меѓутоа дојде времето. Заморена сум“, ја цитира Politico американската дипломатка.
Во написот се наведува дека најскорите планови на Слоут вклучуваат минување на Денот на благодарноста со семејството, патување во Индија за занимање со јога и престој во Европа пред да се врати на работа.
Изданието наведува дека Слоут „со месеци не спиела“, додека го координирала заедничкиот одговор на европските сојузници на руската инвазија во Украина, вклучително и издејствувањето на помошта за властите во Киев во износ од повеќе десетици милијарди долари.
Слоут го придружувале Бајден на осум патувања во Европа, вклучително и на пет самити на НАТО и два самита со Европската унија, пресметал Politico. Изданието истакнува дека таа играла клучна улога во зголемувањето на значењето на ткн „Букурешка деветка“, односно групата источноевропски земји членки на НАТО под силно влијание САД.