Шерон Стоун тврди дека била сексуално злоставувана во филмската индустрија

Холивудслата актерка Шерон Стоун тврди дека поранешниот шеф на компанијата „Sony Pictures“ сексуално ја малтретирал во текот на состаноците во 1980-те години.

Шерон Стоун не сакала за медиумите да го наведе името на директорот, но вели дека таа средба не била последната од многуте чудни искуства за време на нејзината долга кариера.

Команијата „ Sony Pictures“ не сакала да коментира на барање на медиумите за обвинувањата на актерката. Шерон Стоун, сега 65-годишна актерка која беше номинирана и за Оскар, зборуваше за овој инцидент во еден американски подкаст.

Вели дека била повикана во канцеларијата на поранешниот директор на „Sony Pictures“ на состанок кога се доселила во Лос Анџелес во 1980-т годни.

„Вистина е тоа што го зборуваат за тебе дека си најубава. Со децении немаме видено некој како тебе. Толку си паметна и убава, а таа коса…. Потоа застана пред мене и рече: ‘Но прво…’ и тогаш го извади неговиот пенис и ми го стави пред лицето“, наводно ѝ зборувал извршниот директор споед Стоун.

Шерон Стоун вели дека станала хистерична и дека извршниот директор потоа отстапил и излегол низ вратата зад неговото биро. Вели и дека неговата секретарка ја извела од неговата канцеларија.

Стоун рече и дека „за ова никако не можела да зборува порано“, бидејќи „Sony Pictures“ повеќе никогаш не би ја ангажирале.

Кога ги промовираше мемоарите од 2021 „Убавината на повторното живеење“, Стоун рече дека била под притисок да открие дали доживеала сексуално злоставување во Холивуд. Книгата излезе неколку години откако движењето #Me too разоткри системско сексуално злоставување на некои од најмоќните луѓе во индустријата на забавата.

Стоун во раните 1990 години тана секс симбол, во прв ред поради улогата во филмот „Основен инстинкт“ со Мајкл Даглас. Потоа сними многу филмови меѓу кои и „Казино“ на Мартин Скорсезе за кој го освои Златниот глобус за најдобра главна женска улога, а за истата улога беше номинирана и за Оскар.