Хамас истрелал ракети длабоко во Израел, тревога прогласа во Тел Авив

Сирените за воздушна тревога се огласила во Тел Авив и околните области во петокот, откако Хамас истрелал ракети длабоко на територијата на Израел, што радикалното палестинско движење го опиша како одговор на сѐ поголемиот број цивилни жртви во енклавата Појасот Газа.

Изралеските медицински служби соопштија дека две жени во Тел Авив се здобиле со рани од шрапнели од истреланите ракети. Хемас ги лансираше ракетите по релативното затишје во ракетирањето, додека израелските сили спроведуваат копнена офанзива во Газа, во петтата седмица од војната.

Изралеската војска објави дека околу 9.500 проектили, ракети и беспилотни летала се истрелани врз Израел од Појасот Газа и другите области од 7-ми октомври, а 2.000 од нив ги соборила противвоздушната одбрана дизајнирана да ги игнорира проектилите кои ќе паднат во области каде не можат да предизвикаат штета.

Околу 12 отсто од ракетите истрелени од палестинската енклава, кои главно се од локално производство, паднале во палестинската територија, според израелската војска. Со навлегувањето на израелските копнени сили во Газа, дошло до „значително“ намалување на бројот на лансирање, соопшти војската.