
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, успеа да ја одбрани шампионската титула во Пекинг, освојувајќи ја по петти пат во својата кариера.
Србинот во финалето буквално го “збриша” Томаш Бердих со 2:0 во сетови, 6:0 и 6:2, не оставајќи му простор на Чехот ни за момент да се понадева на победа.
Со ова српскиот ас успеа да го оствари 24-то славје во низа во Пекинг, а може да се пофали и со успешни врзани победи во дуелите со чешкиот тенисер. Ова беше 16-та победа во 18-от меѓусебен натпревар со Бердих, благодарение на кое Ѓоковиќ го освои и петтиот наслов во натпреварувачката кампања.
Србинот тргна убедливо во одбраната на тронот на АТП рангирањето за сезонава, заработи 500 бодови , а следен турнир каде што ќе брани 1 000 е Мастерс натпреварувањето во Шангај.