
Двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи меѓу САД и Кина, за важноста од одржување на отворени линии на комуникација и за низа регионални и глобални прашања, се наведува во соопштението.
Се додава дека Бајден и Си ќе разговараат и за тоа како Вашингтон и Пекинг можат да соработуваат во областите каде што нивните интереси се усогласени, а посебно кога станува збор за транснационалните предизвици што ја засегаат меѓународната заедница.