Русија во саботата првпат по речиси два месеца извела ракетен напад врз украинскате престолнина Киев и блиските региони, а со дронови ги нападнале истокот и југот на земјата, соопштија украинските власти.
Шефот на воената управа на градот Киев, Серхиј Попко, изјави дека руска балистичка ракета била лансирана кон главниот град околу 8 часот утрото по локално време.
„По долга пазуа од 52 дена, непријателот ги продолжи ракетните нападии врз Киее. Проектилот не успеа да стаса до Киев, противвоздушната одбрама го собори додека се приближуваше кон главниот град“, пишува на Telegram во тврдењето на Попко и додава дека нема жртви ниту штета во Киев.
Руското Министерство за одбрана засега не извести за ракетни дејствија во Украина во саботата.
Руслан Кравченко, регионаелн гувернер на Киевската област, изјави дека биле оштетени пет приватни кужи и неколку деловни згради во регионот, Вели дека две руски ракети паднале на полињата меѓу населбите.
Украинската проттиввоздушна одбрана, исто така, соборила 19 дронови од 31 кои биле лансирани во рускиот ножен напад врз јужните и источниот региони, соопшти украинската војска.
Регионалниот гувернер на Одеската област, Олех Кипер, изјави дека овој јужен регион бил нападнат со прокетили и дронови од петокот вечерта до ноќта кон саботата. Во нападите биле ранети три лица и оштетени објекти на пристанишната инфрастуктура, но не се соопштени други поединости.