Австрискиот амбасадор Памер во посета на БРАКО за воспоставување соработка меѓу македонски и австриски компании

Македонската компаниjа БРАКО имаше чест да биде посетена од амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер кој заедно со стопанственици од Австрија се запознаа со производството во фабриката, технолошката опременост и можноста за идна економска соработка меѓу стопанските субјекти од двете земји.

БРАКО ги презентираше пред посетителите своите четири производни програми: електрични возила за одржување хигиена во урбани средини, тешки метални конструкции и автоматизација, медицински мебел и опрема, и жичани производи.

Во текот на посетата, сопственикот на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО, Кочо Анѓушев, му посака на амбасадорот Памер успешен мандат во Северна Македонија, изрази надеж за воспоставување соработка со австрискиот партнер и заедно со гостите беа разменети мислења во врска со состојбата во металопреработувачката индустрија кај нас и пошироко во регионот.

Со својата технологија од последната генерација и со автоматизацијата на значен дел од производството, БРАКО извезува висококвалитетни производи во Западна Европа под својот бренд, како и производи за познати светски брендови кои го избрале БРАКО како свој партнер, благодарение на квалитетното и професионално работење и навремената испорака.