
Доларот утринава на отворање на тргувањето на Московската берза првпат во историјата достигна вредност над 40 рубљи.
Рубљата паѓа во однос на доларот, реагирајќи на гео-политичките случувања и намалувањето на светската цена на нафтата.
Стручњаците сметаат дека централната банка продолжува да ги продава девизите за да го исконтролира слабеењето на рубљата.