Статуа на куче чија посветеност го направи славното милениче омилена атракција со генерации, е поставена на најфревентната железничка станица во Токио.
На 10-ти ноември се наврши стогодишнината од доаѓањето на свет на кучето Хачико. Секој ден на железничката станица Шибуја го чекал својот сопственик кој се враќал од работа, а потоа заедно си оделе дома.
Хачико му припаѓал на универзитетскиот професор Хидесабуро Уено. Професорот Уено ненадејно починал во 1925 година, но осамениот Хачико продолжил да доаѓа на станицата секој ден десет долги години додека и самиот не умрел.
Приказната допре до срцата на многу локални жители кои вложиле пари за изградба на статуа на Хачико во 1934 година, непосредно пред неговата смрт. Во Втората светска војна, статуата била стопена за метал, но нова била поставена во 1948 година.
Денес локалното население и странците сакаат да се фотографираат со статуата на песот јапонската раса Акита, позната раса која има свој музеј во градот Одати, каде што е роден Хачико.
„Посакувам моето куче да чека толку долго како што чекаше“, вели 33-годишниот Омар Санчез. Шпанецот и неговата сопруга се фотографираа неодамна покрај статуата на патувањето на нивниот меден месец.
„Приказната е убава, а ни требаат убави приказни“, вели 62-годипниот американски бизнисмен Даниел Калахан.
Приказната за Хачико инспирираше холивудски филм од 2009 година во кој Ричард Гир го толкуваше професорот Уено, а Јапонците снимија филм за него во 1987 година.