Сончево и релативно топло со умерена облачност

Во вторникот во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со натпосечни температури за периодот, со мала до умерена локална облачност.

По одделни котлини има утринска магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен до јужен правец.

Утринските температури се движат од 0 до 7, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 13 и 21 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрово има услови за слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, со температура до 17 степени.